Пристигна освежениот Audi Q2 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна освежениот Audi Q2

Во салонот на Audi во Скопје пристигна освежувањето на популарниот кросовер Q2!

Сите верзии на Q2 добиваат LED светла, а по нарачка може да се добијат и Matrix LED предни светла. Светлосните групи имаат модернизиран светлосен потпис кој е во согласност со останатите модели на Audi. Забележуваме и редизајниран преден браник со посилно дефинирани линии и поголеми отвори за воздух.

Задниот дел добива редизајниран браник со интегриран дифузер, како и редизајнирани задни светла. Достапни се и нови дизајни за тркалата, како и пет нови бои – Apple Green, Manhattan Gray, Navarra Blue, Arrow Gray и Turbo Blue, а Ц-столбот може да биде во бојата на каросеријата, или пак во црна, сива или сребрена боја. Слично може да се комбинираат и заштитните панели околу автомобилот.

Кабината добива малку поинакви отвори за вентилација, редизајнирана рачка за автоматскиот менувач, површини покриени со микрофибер наместо алкантара, ново амбиентално осветлување и уште неколку детали. Секако, може да се нарачаат и многу, многу екстра работи – спортски седишта, дополнително греење, моторизирана врата од багажниот простор, итн. Q2 го добива и најновиот, 12.3-инчен Virtual Cockpit на Audi, во комбинација со 8.3-инчен MMI мултимедијален уред.

Q2 може да се нарача со еден од трите TFSI турбо-бензинци или еден од два TDI турбодизели, а од Audi го истакнуваат 1.5-литарскиот TSI турбо-бензинец со 150 коњски сили и 250 Nm вртежен момент. Овој мотор ќе може да се комбинира со шест-степен мануелен или седум-брзински S-Tronic менувач со двојна спојка. Во зависност од одбраниот мотор, ќе може да се добие и Quattro погон на сите четири тркала.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Audi го освежи A3 и го претстави и робустниот A3 Allstreet

Новиот Q2 можете да го погледнете во салонот на Audi во Скопје.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.