full screen background image
Search

Бензините поскапуваат по еден денар, дизелот половина денар

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва малку ќе се зголемат цените на горивата.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени ќе се зголемат во просек за 1.01%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат по 1 денар, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 79.50 денар, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 81.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 0.5 денари, па еден литар дизел ќе чини 71.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.