full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поскапуваат по половина денар, дизелот два денари!

Повторно се зголемуваат цените на горивата – овој пат зголемувањето кај бензините не е големо, но дизелот поскапува два денари.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 2.24%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.5 денари за литар. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 75.50 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 77.50 денари.

Позначително е зголемувањето на цената на дизелот – кој поскапува за цели два денари. Од вечерва на полноќ еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 67.50 денари.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.