2021 беше одлична година за Opel – германскиот бренд нанижа грст важни награди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

2021 беше одлична година за Opel – германскиот бренд нанижа грст важни награди!

Opel имаше навистина успешна година – новите модели и технолошките иновации придонесоа германскиот бренд кој е под капата на Stellantis да наниже грст важни награди и признанија!

Жиријата ширум светот составени од експерти, но и пошироката јавност се подеднакво импресионирани од моделите на Opel – бројните награди оваа година се доказ за тоа. „Интернационално комерцијално возило за 2021“ за Opel Vivaro-e и „Златен управувач за 2021“ за Opel Mokka-e се само неколку примери.

„Ние сме многу горди на овие награди, тие се знак на посветеноста и страста со која Opel постојано работи“ – рече извршниот директор на Opel, Uwe Hochgeschurtz, и додаде – „Без оглед на тоа каква работа работат – во дизајн, инженерство или во канцеларија – сите наши вработени создадоа фантастични автомобили. На сите им должам голема благодарност“.

Opel Vivaro-e веќе беше прогласен за „Интернационално комерцијално возило за 2021“ на крајот на минатата година, а трофејот пристигна до седиштето на Opel во Rüsselsheim оваа пролет. Ова беше почеток на серија награди за најпродавано лесно комерцијално возило со електричен погон. Само во Обединетото Кралство, Vivaro-e собра бројни награди како „Електрично комерцијално возило на годината“. Потоа, Combo (со мотор со внатрешно согорување или како целосно електричен Combo-e) собра многу награди низ Европа во текот на годината.

Новата Opel Mokka пристигна пролетта – смела, елегантна и сè освен не обична. Оттогаш, Mokka ги воодушевува медиумите и јавноста, а неодамна целосно електричната Mokka-e ја освои наградата „Златен управувач 2021“ – една од најпознатите награди во целата автомобилска индустрија. Врвните технологии кај неконвенционалниот SUV се исто толку одлучувачки како и стилот сведен на основните работи, што според магазинот Top Gear, ја прави Mokka „Дизајн на годината“. Човекот одговорен за сензационалниот изглед е потпретседателот за дизајн на Opel, Mark Adams; доволна причина Automotive News Europe да го именува како „Eurostar 2021“.

Со Opel Manta GSe ElektroMOD, група вработени во Opel оваа година ја оживеаја вистинската автомобилска легенда и ја направија погодна за иднината. Електричната Manta GSe ElektroMOD разгорува емоции каде и да оди. Уникатниот еднократен модел навистина привлекува внимание – во Франција и Шпанија неодамна беше избрано за „Концепт автомобил на годината“.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.