Citroen My Ami Buggy е фраерски концепт на денот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroen My Ami Buggy е фраерски концепт на денот!

Кој рекол дека малите електрични возила не можат да бидат и супер-забавни? Citroen го претстави My Ami Buggy, кој според нас е пример за практичен и фраерски електричен автомобил.

Од Citroen кажуваат дека My Ami Buggy е „игрив концепт кој секое дете од 14 до 77 години би сакало да го додаде на новогодишната листа на подароци“. Малиот урбан Citroen Ami е трансформиран во поробусен концепт со заштитни панели и бул бар, проширени крила и тркала со теренски пневматици.

Дополнително, My Ami Buggy добива и дополнителни светла, заштитни панели од страните и резервно тркало поставено на кровот. Вратите се одстранети и заменети со специјални држачи за засебно-направен багаж, а кога временските услови не се идеални, на располагање се водоотпорни платна кои влечат инспирација од легендарниот Mehari.

Кабината добива Advanced Comfort перничиња на седиштата со двојно повеќе материјал, а My Ami Buddy добива и дополнителен држач за багаж, нови држачи за чаши и грст други додатоци.

Како што веќе знаеме, Ami користи мала батерија со капацитет од 5.5 kWh и мал електромотор со моќност од 8 коњски сили. Оваа комбинација овозможува автономија од околу 70 километри, како и максимална брзина од 45 километри на час – а сето ова го прави малиот електричен Citroen да биде вистински урбан суперхерој!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.