Пристигна освеженото Volkswagen Polo! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна освеженото Volkswagen Polo!

Во салонот на Volkswagen во Скопје веќе е изложено освеженото Polo!

Освежениот Polo доаѓа со нови предни светла, кои се поврзани со светлечка лента поставена на долниот дел од маската, додека пак задните светла имаат дополнителен елемент на багажникот и нова графика. Препознаваме и нови браници и уште неколку освежени елементи.

Сите верзии на Polo добиваат светла со LED технологија, но за оние кои сакаат уште подобра прегледност навечер можат да ги нарачаат светлата со Matrix LED технологија – како кај Touareg и Passat. Polo добива и грст нови безбедносни системи – Volkswagen здружи повеќе системи за помош на возачот во пакет наречен IQ.Drive Travel Assist и ги нуди како опција во малиот градски автомобил. Тие системи вклучуваат адаптивен темпомат и задржување во коловозна лента.

Измените во ентериерот вклучуваат нови дигитални елементи – стаднардно ќе доаѓа дисплеј од 8-инчни за инструментите и помал 6.5-инчен екран на допир за мултимедијалниот систем. Кај повисоките нивоа на опрема тие се зголемуваат на 10.25-инчен инструмент дисплеј и 9.2-инчен мултимедијален екран. Покрај тоа, како опција ќе биде понудена дигитална контрола на клима уредот, која целосно се управува на допир.

Палетата на погонски единици содржи неколку варијанти на 1-литарскиот три-цилиндерски бензински мотор, од кои сите се потпомогнати од турбо-полнач освен најосновниот MPi со 80 коњски сили. Посилните турбо верзии имаат 95 и 110 коњски сили, а првата од нив може да се добие со рачен или седум-степен DSG менувач, додека пак втората е усогласена исклучиво со DSG.

За повеќе информации, посетете ги салоните на Volkswagen.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.