Во салонот на Kia пристигна освежената Ceed гама! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Kia пристигна освежената Ceed гама!

Во салонот на Киа Моторс пристигна целата освежена гама на Ceed модели – меѓу кои е и новиот спортски Ceed GT!

Сите модели добиваат поагреисвен преден дел со нова предна маска со нагласени 3Д форми, како и предни светла со LED технологија и нови графики.

Забележуваме и поагресивни браници, како и засебни дизајнерски елементи за различните нивоа на опрема – Base, Phev, GT-Line и GT – некои добиваат детали во црвена боја, некои во сатенска хромирана боја и слични елементи.

Кај сите модели забележуваме нови предни браници, редизајнирани предни светла со нови LED дневни светла, како и нови задни браници и задни светлосни групи (со навистина несекојдневен и интересен дизајн).

Кабините добиваат нови материјали и нови бои, како и нови технологии – пред возачот е поставен нов, 12.3-инчен дигитален панел со инструменти, а на централната конзола е поставен 10.25-инчен инфозабавен уред со Apple CarPlay и Android Auto.

Секако, достапни се и премиум додатоци – како на пример JBL аудио уред, загревање на седиштата, итн, а тука се и сите системи за активна и пасивна безбедност кои се во портфолиото на Kia.

Во однос на моторите, во понудата останува 1-литарскиот лајт-хибриден турбо-бензинец со 120 коњски сили, како и новиот 1.5-литарски четири-цилиндерски турбо-бензинец со 160 коњски сили. За GT изведбите, тука е добро-познатиот 1.6-литарски турбо-бензинец со 204 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.