full screen background image
Search

Audi A8 L Horch Founders Edition е врвот на луксузот од Инголштад

Големиот супер-луксузен седан дебитираше во Кина, но се очекува дека Audi ќе го понуди и на други пазари.

Audi A8 L Horch Founders Edition (А8 Horch, накратко) е базиран на веќе-големиот A8 L, но со дополнителни 130 милиметри меѓу оските – а тоа гарантира многу, многу, навистина многу простор во кабината. Визуелните измени продолжуваат со хромирана предна маска, како и дигитални Matrix LED предни светла со вградени DRL дневни светла.

Дополнително, препознаваме огромни 20-инчни тркала со уникатен дизајн и H ознака, а околу целиот автомобил забележуваме Horch значки. На задниот дел препознаваме OLED задни светрла со уникатен дизајн. Специјалниот A8 Horch ќе се нуди во две уникатни бои – Oakrun и Nimbusgrau, a ќе може да се нарача и двобојна комбинација.

Кабината добива врвно-изработени седишта и најквалитетни материјали, како и Horch логоа. Финалната обработка е беспрекорна, а не е штедено ниту на технологиите – навистина нема потреба да кажеме дека има седишта со масажи, масажа за стапалата на задните седишта, најновите мултимедијални системи кои Audi ги нуди и многу, многу повеќе.

Интересно, за кинескиот пазар A8 Horch ќе се нуди со 3-литарски твин-турбо V8 со 48-волтен лајт-хибриден систем кој испорачува 340 коњски сили. Доколку се понуди и на други пазари, очекуваме понудата на мотори да биде поголема.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.