full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува за половина денар

Од вечерва на полноќ ќе имаме мала корекција на цените на горивата.

Согласно Методологијата за формирање на цените, од вечерва на полноќ тие се намалуваат во просек за 0.15%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0.5 денари/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77.00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79.00 ден/лит.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,00 ден/лит.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.