Manhart ја засили Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio на 653 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Manhart ја засили Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio на 653 коњски сили!

Познатиот Германски тјунер подготви третман за најсилната изведба на Alfa Romeo Giulia кој вклучува подобрувања на перформансите и неколку естетски измени.

Наречен Manhart Giulia QV600, пакетот носи многу повеќе од оние 600 кои името ги сугерира или поточно 653 кс и 790 Nm вртежен момент. Тоа се значителни подобрувања од стандардните 503 кс и 600 Nm кои доаѓаат од 2.9-литарскиот битурбо V6.

Ова подобрување на перформансите е добиено благодарение на нови турбополначи и издувни цевки со спортски катализатори. Силата продолжува да биде испорачувана кон задните тркала преку осум-степена автоматска трансмисија.

Иако е очигледно дека автомобилот е многу побрз од стандардната Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio, Manhart не ги објави бројките од забрзувањето и максималната брзина.

Германската компанија не направила измени кај сопирачките на авотмобилот, но ја променила суспензијата, со што ја приближила Giulia Quadrifoglio кон подлогата. Монтирани се нови 20-инчни тркала со широчина од 8.5 инчи напред и 10 инчи позади, обвиени во пневматици со профил од 255/30 и 295/25.

Екстериерот на автомобилот е дотеран со украсни мат црни ленти со шолти линии, кои можат да се забележат на предниот и задниот дел, поклопецот на моторот, покривот и багажникот.

Manhart ќе произведе само 10 примероци од специјалната Giulia Quadrifoglio, а секој од нив ќе чини околу 120.000 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.