full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Alfa Romeo ги освежи Giulia и Stelvio Quadrifoglio – Моќ во секој детал!

Новите Giulia и Stelvio Quadrifoglio се особено значајни, бидејќи се дел од прославата на 110-годишнината на Alfa Romeo!

Освежените знаменосци на Alfa Romeo доаѓаат со темелно освежени мултимедијални уреди, нови бои и уште неколку додатоци кои го подобруваат секојдневното уживање, но истовремено ја истакнуваат историјата на брендот.

Новите бои се исклучително динамични и се дизајнирани да можат да понудат моќен контраст меѓу светлите и темните нијанси – па со тоа уште повеќе да се истакнат елегантните и сензуални форми на двата модели. Дизајнерите на Alfa Romeo сега ги двојат боите по „класи“  – па достапни се класите Metal (бои кои го истакнуваат динамичниот дух), Solid (за оние кои сакаат стабилност) и Oldtimer – класа на бои кои се реинтерпретација на наследството на брендот. Oldtimer боите се Red 6C Villa d’Este, Ocher GT Junior и Montreal Green.

Секако, перформансите се тука – благодарение на 2.9-литарскиот би-турбо V6 кој испорачува „не помалку од 510 коњски сили и 600 Nm вртежен момент“, додека испораката на сила ја контролира Alfa Active Torque Vectoring системот во Giulia, односно во соработка со Q4 погонот на сите четири тркала во Stelvio. Инженерите на Alfa Romeo кажуваат дека 8-брзинскиот автоматски менувач е дополнително рекалибриран за да истакне комфор или спортки перформанси. Во Race режимот, менувачот менува степени на пренос за само 150 милисекунди.

Од оваа моделска година, купувачите ќе можат да нарачаат Akrapovič издувен систем со два режими на работа, кој користи завршни делови од карбон и титаниум. Со новата моделска година, Alfa Romeo воведува и нови ADAS (Advanced Driver Assistance Systems) системи кои се развиени во соработка со Bosch, кои нудат подобрена безбедност, но и можности за автономно возење.

Поврзано:   Alfa Romeo го слави својот 110-ти роденден!

Меѓу другото, новите системи вклучуваат Lane Keeping Assist, Active Blind Spot Assist, Active Cruise Control, системи за препознавање на сообраќајни знаци, асистенција за возење во гужви, итн. Кабината добива нови материјали, како и нови елементи од карбон, а на централната конзола е поставен целосно-нов 8.8-инчен мултимедијален уред преку кој се гледаат многу од параметрите во возењето.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.