full screen background image
Search

ID.3 привлече 70.000 нови купувачи кон брендот Volkswagen

Германскиот бренд изјави дека новиот електричен модел на компанијата успеал да привлече дури 70,000 купувачи кои не поседувале автомобил на Volkswagen.

Од првата година на лансирањето, компанијата примила над 144,000 порачки од моделот ID.3, а околу 50% пристигнале од нови купувачи на Volkswagen, што е значително повеќе од просечните 36%. Германскиот произведител вели дека „ID.3 е апсолутен хит во Европа и е најдобро продаваниот електричен модел во Западна Европа во Август“.

Производството на ID.3 моментално изнесува 1,200 примероци на ден од двете фабрики во Цвикау и Дрезден, а неодамна Volkswagen започна со подготовки за производство на ID.3 и во Антинг во Кина, каде автомобилот ќе биде лансиран во последните три месеци од 2021.

Според испитување на купувачите на Volkswagen ID.3 во Германија, најчестите причини за купување биле еколошките перформанси (60 проценти), иновативната технологија (51 процент), како и персоналната поддршка овозможена од Volkswagen-овата мрежа на застапници и сервиси.

Речиси 80 проценти од Германските купувачи изјавуваат дека ID.3 е најчесто користеното возило во нивното домаќинство. Околу 70 проценти користат исклучиво „зелена електрична енергија“(од свој фотоволтаичен систем или од нивниот снабдувач на електрична енергија).

Volkswagen си постави цел да ја зголеми продажбата на електрични возила со батерија од нивниот целосен волумен за 70 проценти до 2030.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.