Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека цената на дизелот ќе се намали, но цените на бензините остануваат исти.
Од вечерва на полноќ, цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото ќе се намали за 1.50 денари, па еден литар дизел гориво ќе чини 62.00 денари.
Цената на бензините останува непроменета, па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 и понатаму ќе чини 73.00 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 75.00 денари.
Старо-новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат до следната рекалкулација.