full screen background image
Search

Регулаторна: Цените на бензините и дизелот се зголемуваат по еден денар

Од вечерва на полноќ, малопродажните цени на горивата ќе се зголемат за еден денар.

Според методологијата која РКЕ ја користи за да ги пресмета цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.48%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за 1.00 денари по литар. Соодветно на тоа, еден литар 95-октански бензин ќе чини 72.00 денари, еден литар 98-октански бензин ќе лини 74.00 денари, додека еден литар дизел ќе чини 63.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.