Новиот голем SUV на Dacia ќе се вика Jogger – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот голем SUV на Dacia ќе се вика Jogger

Dacia го откри името на новиот SUV – ќе се вика Jogger и ќе биде претставен во петок!

Jogger – или големиот автомобил со мало име, како што кажуваат од Dacia – ќе биде голем семеен SUV со 5 или 7 седишта. Со името, Dacia не само што сака да привлече нови купувачи преку универзално-препознатлив термин, туку и да ја продолжи традицијата на имиња кои завршуваат на -er, која ја започна со Duster.

Романскиот производител потврди дека Jogger ќе биде претставен овој петок, а ние ќе ги пренесеме сите детали!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.