full screen background image
Search

Горивата поскапуваат за половина, односно еден денар

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку моменти ги објави новите, малку зголемени цени на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1.84%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 0.5 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 71.00 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 1.00 денари и еден литар 98-октански бензин ќе чини 73.00 денари. Исто зголемување има и цената на дизелот, па еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 62.50 денари.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.