full screen background image
Search

Kia ги откри првите скици од европскиот Sportage

Kia ги откри првите скици од новиот Sportage, кој за прв пат во неговата историја ќе има верзија развиена специјално за стариот континент.

Kia Europe ги откри првите официјални скици на целосно новиот Sportage наменет за европскиот пазар. За првпат во својата историја, Kia лансира различен дизајн, специјално развиен за пребирливите вкусови на европските клиенти.

Целосно новиот европски Sportage е внимателно дизајниран и развиен за да воспостави нови правила во сегментот. Од Kia напоменуваат дека напредниот дизајн ги поместува границите на стилот. Истовремено, најсовремената технологија за поврзување, заедно со новите ефикасни погонски агрегати, како и активни безбедносни иновации го зајакнуваат премиум статусот на Sportage. Дополнително, бидејќи е развиен на нова архитектура, целосно новиот европски Sportage е прецизно усовршен за да понуди оптимални карактеристики на возење и управување токму на европските патишта.

Дизајн со напредна мисла

Новиот дизајнерски јазик на Kia – Opposites United – е во срцето на новиот европски Sportage, влијаејќи на секој аспект од неговиот изглед и карактер. Неговиот дизајн се базира на темата „Храбар за природата“ и оддава почит на совршенството и едноставноста на природата. Скиците откриени денес навестуваат спортски, наметлив и предводнички теренец.

Целосно новиот европски Sportage ќе има покомпактен и авантуристички профил што ќе наговестува зголемено ниво на агилност и перформанси. Дизајниран да биде најдинамичниот и најстилскиот SUV во својот сегмент, целосно новиот европски Sportage ќе има мускулест став и силна, но префинета силуета со остри линии што брануваат по површините.

Дигитално лансирање

Новиот европски Sportage на Kia ќе го има своето деби на дигитален настан во живо што ќе се одржи во среда на 1-ви септември на каналите на Kia во 11:00 часот. Гледачите ќе можат да дознаат повеќе за првиот SUV на Kia дизајниран специјално за европските клиенти! Европската продажба на целосно новиот Sportage ќе започнат подоцна оваа година.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Kia го претстави целосно-новиот, европски Sportage!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.