Видео Игри: Претставен е почетокот на авантурата во Forza Horizon 5 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Видео Игри: Претставен е почетокот на авантурата во Forza Horizon 5

Компанијата за развој на видео игри – Playground Games ги објави првите минути од најновото издание на популарната аркадна игра со тркање Forza Horizon 5.

Веќе е познато дека локацијата од четвртото издание на Forza Horizon во Велика Британија, кај претстојната видео игра е заменета со уште поголем регион испириран од теренот во Мексико, кој располага со урбани и рурални средини, дождовни шуми, водопади, пустини со песочни бури и снежни планини со вулкански отвор.

Новото видео ги прикажува значителните подобрувања во графиката и дел од новите автомобили, како Ford Bronco, Chevrolet Corvette C8 и Mercedes-AMG ONE. Покрај тоа, можат да се забележат и пореални звуци, кои беа најслабата точка кај четвртото издание.

Forza Horizon 5 ќе биде лансирана на 9ти Ноември, а ќе биде достапна за играње на Xbox и PC платформите.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.