Магазинот Carwow ги спротивстави силите на најсилната изведба на компактниот Golf со спортската верзија на големиот кросовер Q7.
Иако навидум делува како тотално бесцелна трка, доколку ги земеме во предвид сите нивни спецификации, резултатите се поблиску од тоа што мислите.
Помалиот Golf R е погонуван од 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо-бензински агрегат, кој испорачува 320 кс и 420 Nm вртежен момент. Тој е исто така прилично лесен и тежи 1,550 килограми.
Поголемиот Audi SQ7 располага со двојно повеќе цилиндри под поклопецот, каде е сместен 4.0-литарски твин-турбо V8 мотор, кој произведува 507 кс и 770 Nm вртежен момент. Покрај тоа, значително е потежок од Golf-от, со неговите 2,250 килограми.
Како што гледаме, SQ7 има значително поголема сила, но е исто така и 700 килограми потежок. Што се однесува до цената, големиот кросовер на Audi чини колку два примероци на Golf R.
Кој ќе биде победник и дали потрошените пари за еден SQ7 покрај поголемиот простор носат и подобри перформанси дознајте во видеото подолу!