full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi SQ7 и SQ8 добиваат 4-литарски битурбо V8 со 500 коњски сили!

Моќните знаменосци на SUV-гамата на Audi добиваат 4-литарски би-турбо V8 TFSI – кој испорачува 507 коњски сили и 770 Nm вртежен момент!

Досега овие модели беа достапни само со моќен турбодизел, но Audi одлучи дека е време да го понуди 4-литарскиот би-турбо V8 TFSI бензинец. Andrew Doyle, од Audi UK изјави дека „Бензинските мотори стануваат сè поважни во сегментот на SUV со високи перформанси благодарение на големите подобрувања во ефикасноста постигнати изминативе неколку години, а ние го потврдуваме тој тренд со овие модели.“

На Audi SQ7 и SQ8 опремени со овој мотор – кој испорачува 507 коњски сили и 770 Nm вртежен момент – потребни им се само 4.1 секунда да постигнат 100 километри на час, додека забрзувањето од 80 до 120 километри на час трае само 3.8 секунди. Максималната брзина е – електронски ограничена, секако – 250 километри на час.

Обата модели стандардно ќе добијат адаптивна суспензија, како и управување на сите четири тркала. Дел од воздушната суспензија е напредна технологија за анти-рол стабилизација, технологија овозможува големите SUV со високи перформанси да останат рамни во свиоци, без притоа да бидат непотребно некомфорни при нормално возење. Секако, добиваат спортски бодикитови, големи тркала (со максимален дијаметар од 22 односно 23 инчи), спортски ентиериер и многу, многу повеќе…



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.