full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Nissan го претстави новиот Z, но нема да го нуди во Европа

Nissan го претстави новиот Z-автомобил, кој доаѓа со 3-литарски твин-турбо V6, но нема да им го понуди на европските купувачи.

Цитирајќи ја намалената заинтересираност за ваквите автомобили во Европа, како и сè построгите еко-норми, Nissan објави дека новиот Z нема да биде понуден во Европа. Инаку, новото спортско купе на јапонскиот гигант доаѓа со 3-литарски твин-турбо V6 кој испорачува 400 коњски сили и 475 Nm вртежен момент. Силата ја пренесува кон задните тркала, а може да се нарача со 6-степен мануелен менувач или пак 9-степен автоматски менувач.

Инаку, новиот Nissan Z добива напредна спортска суспензија, ретро-инспириран дизајн со модерна интерпретација на класични дизајнерски елементи и спортски-ориентирана кабина. Сето ова ветува врвно возачко искуство и многу, многу забава зад воланот. Од Nissan напоменуваат дека сакале да го направат „најдобриот Z-автомобил во историјата“, и сигурни сме дека успеале во тоа. За жал, најверојатно нема да имаме шанса и самите да се увериме.

Nissan веќе најави дека ќе бидат понудени две верзии – Sport и Performance. Главната разлика е во пневматиците – Performance варијантата добива поспортски и пошироки гуми, но и заден диференцијал со ограничено пролизгување.

Новиот Nissan Z ќе пристигне на пазарот на почетoкот на следната година. Се надеваме дека Nissan ќе одлучи да го понуди и во Европа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.