Франција тестира „звучен радар“ за автомобили и моторцикли – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Франција тестира „звучен радар“ за автомобили и моторцикли

Две години по инсталирањето на опрема за детектирање на гласни бучави во Париз, Француската влада презема чекори за казнување на гласните моторни возила.

Звукот на моќен мотор кој проаѓа низ издувниот систем е една од работите кои ќе ни недостасуваат најмногу кога забранувањето на возилата со внатрешно согорување ќе станат реалност.

Секако, постојат и такви на кои гласната бучава им пречи, а дел од жителите на Франција, сметаат дека промената на речиси нечујни електрични возила нема да дојде доволно брзо.

Токму таа е причината за инсталирањето на звучните радари, кои по Париз, сега се монтираат и во другите делови на Франција, вклучувајќи ги Ница, Брон и Лион.

Сепак, системите треба да ја докажат нивната прецизност за да добијат дозвола за користење, пред да започнат крајните тестови. Сето ова се очекува да заврши до крајот на 2022 година, а од 2023 ќе започнат со делење на казни.

Звучниот радар се состои од камера со агол на снимање од 360 степени и акустична антена со четири микрофони, која му овозможува на уредот да ја измери јачината на звукот, а истовремено и да ја прикаже насоката од која тој доаѓа.

Доколку вашето возило помине покрај една од точките на камерата и системот одлучи дека звукот на вашето возило е премногу гласен ќе направи фотографија од вашата регистерска табличка и ќе ви издаде казнен билет.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.