Acura – луксузниот огранок на Honda – објави дека ќе бидат произведени само 350 примероци и дека само 50 од нив ќе ги напуштат САД.
Acura NSX Type S добива редизајниран преден дел со нови предни светла, поголеми отвори за воздух и нагласен преден сплитер. Според Acura, редизајнираниот преден дел придонесува кон подобро ладење, без притоа негативно да влијае на аеродинамичките перформанси. NSX Type-S добива и нови ковани тркала во екслклуизвни бои, карбонски кров, карбонски прагови, редизајниран заден дел со голем дифузер и прилично дискретен заден спојлер.
Секако, тука е и ревидираниот систем за динамика со рекалибрирана суспензија, како и новиот издувен систем кој испорачува поагресивен звук. Секако, и погонот е „чепнат“ – па сега хибридниот систем на Acura NSX Type S испорачува 608 коњски сили и 667 Nm вртежен момент.
Турбополначите доаѓаат директно од NSX GT3 Evo тркачкиот автомобил, а зголемената батерија придонесува со уште поголема моќност. Силата се пренесува преку 9-брзински менувач со двојна спојка.
Оние кои се чувствуваат особено дарежливи, можат да го платат Lightweight Package пакетот кој чини 13.000 долари и вклучува карбон-керамички сопирачки од Brembo и уште многу други карбонски елементи. Пакетот ја намалува тежината на NSX Type S за 26.2 килограми. Дали вреди 13.000 долари? Хм…