ПРЕМИЕРА: Lamborghini Countach LPI 800-4 – Ретро-футуристичка реинтерпретација на легендарниот суперавтомобил! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Lamborghini Countach LPI 800-4 – Ретро-футуристичка реинтерпретација на легендарниот суперавтомобил!

Моќниот Countach LPI 800-4 е базиран на веќе-спектакуларниот Sian, располага со 814 коњски сили и нуди врескачки перформанси!

Верувале или не – еве го. Не само што новиот Countach е пред нас, туку за прв пат во историјата на Lamborghini, компанијата „враќа во живот“ минато име на модел. И какво име – Countach е моделот кој стоеше на многу ѕидови во многу детски соби, и еве го пак.

Ајде прво за погонот. Под кожата на новиот Countach се крие 6.5-литарски V12 кој испорачува 780 коњски сили, а соработува со електромотор и суперкондензатор за вкупно 814 коњски сили. Силата ја испорачува кон сите четири тркала преку 7-брзински автоматски менувач, а сето тоа значи 0-100 километри на час за 2.8 секунди, 200 километри на час за 8.6 секунди и максимална брзина од 355 километри на час.

Дизајнот е веднаш препознатлив – ова е Countach, но во значително помодерна интерпретација. Предниот дел е низок, остар и рамен, страниците се едноставни и чисти, додека на задниот дел ги препознаваме легендарните светла со по три светлосни елементи. Фановите на Countach ќе препознаат и странични отвори за воздух кои оддаваат почит на легендарните NACA отвори на Countach, и секако – вратите се отвораат нагоре. Дури и (во случајов, огромните 21 и 22-инчни) тркала оддаваат почит на тркалата на оригиналниот Countach.

Инаку, моќниот V12 врти до скоро стратосферски 8500 вртежи во минута – и навистина, сигурни сме дека новиот Countach нема да го измешате со ниту еден друг автомобил. Lamborghini одлучи да оживее и некои од боите од оригиналниот Countach, па вашиот нов автомобил ќе можете да го нарачате во една од 30 различни бои. А ако сте подготвени да нарачате, побрзајте – не ги знаеме цените, но „се шушка“ бројка од околу 1 милион Евра а ќе бидат произведени само 112 примероци. Нема време за губење!

Поврзано:   Lamborghini ja проби бариерата од десет илјади продадени автомобили


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.