Mercedes го најавува луксузниот електричен кросовер Maybach EQS SUV – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes го најавува луксузниот електричен кросовер Maybach EQS SUV

Германскиот бренд ја објави првата фотографија од првиот целосно електричен модел со ознака Maybach.

Целосното име на новиот модел ќе биде Mercedes-Maybach EQS SUV, a ќе биде базиран на стандардниот EQS SUV кој се очекува да биде претставен следната година.

Оваа фотографија потврдува дека новиот EQS SUV ќе се одликува со уникатни задни светла, кои ќе го разликуваат од седанот EQS, иако имаат слична LED графика.

Фотографијата не открива многу, покрај тоа што моделот има двобојна црвено/црна каросерија и е украсен со Maybach ознака на широкиот заден столб.

Техничките детали на Maybach EQS SUV не се сеуште познати, но тој најверојатно ќе располага со истата технологија како седанот EQS. Тоа би значело дека е поставен на целосно електрична платформа и ќе располага со два електрични мотори.

Се зборува дека Mercedes развива врвна верзија со 715 кс од седанот EQS, па не би не изненадило доколку оваа конфигурација се најде и во врвната верзија на Maybach EQS SUV.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.