Smart најавува концепт за нов електричен кросовер – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Smart најавува концепт за нов електричен кросовер

Компанијата Smart најави дека ќе претстави концепт за електричен кросовер на претстојниот автомобилски саем во Минхен.

Најавата беше придружена со неколку скици од концептот, кој ќе ја претстави идната дизајнерска насока на брендот. Скиците не се многу детални, но прикажуваат дека моделот ќе се одликува со заоблена форма со меки агли. Исто така се забележува и „лебдечки“ кров со контрастна бронзена боја.

Бидејќи се работи за електричен модел, се очекува предниот дел да биде аеродинамичен со мали отвори за воздух, а од скицата забележуваме и тенки светлосни групи поврзани со тенка линија. Исто така може да се очекуваат дигитални странични прозорци и изразени странични крила.

Кросоверот значително ќе се издвојува од актуелната гама на Smart, како резултат на новата филозофија на дизајнерот Горден Вагенер, кој сака да ја искористи можноста за да го реосмисли брендот. Тој исто така изјави дека новиот дизајнерски јазик е замислен да биде модерен, секси и зрел, наместо досегашниот сладок и разигран.

Иако станува збор за концепт, се очекува од него да произлезе сериски модел, кој би можел да пристигне во 2023.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.