Супер-луксузната дивизија на Mercedes-Benz најавува концепт за мега-купе кое ќе го претстави на овогодинешниот Concours d’Elegance во Pebble Beach.
Сега за сега, освен оваа темна фотографија не знаеме скоро ништо за лукусзното мега-купе. Она што знаеме е дека купето е долго скоро 6 метри. Сепак, а носејќи ја Maybach значката на себе, значи дека луксузното купе ќе нуди врвен луксуз и ќе биде беспрекорно изработено.
Познавачите кажуваат дека со новото купе, Mercedes-Maybach ќе сака да ги истакне можностите за изработка на автомобили по желба на купувачите, и можеби да ја најави насоката во која ќе се дивижи ултра-луксузната дивизија на веќе луксузниот производител.
Дебито е закажано за 21ви овој месец – останува само да бидеме трпеливи.