full screen background image
Search

Ford направи истражување за причините за сообраќајни незгоди кај младите

Синиот Овал направи сопствено истражување и благодарение на 6500 млади возачи од Европа дојде до важни заклучоци околу причините за сообраќајните незгоди кај помладата популација.

Во кратки црти – најголеми виновници за сообраќајните незгоди кај младите возачи се возењето под дејство на алкохол и невниманието.

Младите од 18 до 24 години опфаќаат осум проценти од вкупната популација во Европа, но 15% загинуваат во сообраќајни несреќи. Летно време, проблемот станува поизразен и процентот на загинати млади лица се искачува на 21 отсто од вкупниот број починати лица на патиштата.

Светски познатиот производител на автомобили, компанијата Ford, организираше истражување со 6.500 млади возачи во Европа за подобро да се разберат ризиците кои предизвикуваат сообраќајни несреќи. Истражувањето покажува дека 57 отсто од сообраќајните несреќи се случуваат заради несоодветна брзина, 43% возачи пишувале пораки додека возеле, 36% од возачите се јавувале на телефон или разменувале инстант пораки, 16% не биле врзани со сигурносен појас, 13% пиеле и возеле и 11% гледале видео или ТВ на своите уреди додека возеле. Исто така, еден од четири млади возачи правеле селфи додека биле на воланот.

ford-driving-skills3

Поради ова, компанијата Ford нуди бесплатни тренинзи за младите возачи насловенo како Ford возачки вештини за живот (Ford Driving Skills for Life (DSFL). Во Европа, до крајот на 2016 година, програмата ќе опфати повеќе од 20.000 возачи низ 13 држави – Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Романија, Русија, Шпанија, Турција и Обединетото Кралство. Програмата Ford DSFL нуди препознавање на ризици, управување со возило, менаџирање со брзина и простор, ризици предизвикани од пиење и возење, возење после земање на наркотици и правење селфи.

Поврзано:   ВИДЕО: Ford специјално го прилагодува електричниот Mustang Mach-E за европските возачи!

„Летото е одлично време младите да ja уживаат слободата на возењето, која зазема голем дел од идејата да се биде млад денес во однос на претходните генерации. Но, премногу млади лица умираат во сообраќајни несреќи комбинирани од неискуство и лошо донесени одлуки“, вели Џим Греам, менаџер на Ford DSFL.

Околу 57 отсто од младите возачи признаваат дека возат побезбедно кога во автомобилот има родители или баби и дедовци наспроти 41 процент од испитаниците кои рекле дека преземаат повеќе ризици кога се возат со свои пријатели. Токму затоа, Ford креираше измислено видео за да ги покаже предностите на „Надуените“ („Blown ups“). Овој измислен продукт е возрасна кукла на надувување, програмирана да се надува во момент кога младите се невнимателни позади воланот и служи како потсетник за DSFL програмата.

ford-driving-skills1

„Суштински е важно да најдеме вистински начин и да им пристапиме на младите лица со овие важни пораки. Да ги осигураме дека се повеќе возачи имаат можност да ги искористат поволностите на оваа програма“, вели Греам.

Патувањата, фестивалите и плажата се атракции во лето. Истражувањето покажува дека 68 проценти од младите се порелаксирани при нивното возење во летните месеци и на речиси 54 отсто, вниманието им го привлекуваат атрактивни пешаци. Од овие испитаници, 45% признале дека би возеле преполна кола со пријатели, 25% би прифатиле превоз со некој што го познаваат иако пиел и 24% би возеле после конзумација на дрога. Вкупно 41% веруваат дека, понекогаш, има добра причина да преземат ризик додека возат, 26% имале сообраќајна несреќа и 20% биле сопрени од полиција.

Поврзано:   Новиот Ford Mustang Mach 1 пристигнува и на Европскиот континент

ford-driving-skills2

На прашањето „Колку сте загрижени ако се најдете во сообраќајна несреќа“, најголемиот дел го рангирале ова прашање малку повисоко отколку да се најдат во терористички напад. Вкупно 93 проценти сметале дека имаат одлични возачки вештини, но 54% признаваат дека не се толку безбедни колку што треба да бидат додека возат.

Исто така, според истражувањето, веројатноста млади мажи да го изгубат вниманието поради атрактивни пешаци е три пати поголема отколку младите жени. 25% мажи биле сопрени од полиција во однос на 16% жени и поголема е веројатноста мажите да брзаат, да користат мобилни телефони или да возат под дејство на алкохол.

Извор: PR Ford



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.