Корејскиот производител наскоро треба да ја претстави новата, трета генерација на хечбекот i30 – па преку неколку фотографии и едно кратко видео го прави токму тоа!
Сегментот во кој се натпреварува i30 е навистина конкурентен и мора да се биде меѓу најдобрите за да се успее. Hyundai има високи цели, а токму тоа го демонистрира со новиот i30. За новиот i30 зборува токму претседателот на Hyundai, но и човекот кој е одговорен за дизајнот – Peter Schreyer:
„Ова е автомобил за сите – кога го дизајниравме новиот i30, не гледавме само кон еден купувач, туку кон широка гама на различни луѓе. Дизајнот е еволуција на дизајнерскиот јазик на Hyundai Motor со природни, флуидни линии, рафинирани површини и безвременски изглед. Со новата i30 ја претставуваме и новата маска на ладилникот – каскадната маска.“
Новиот i30 е дизајниран, развиен и тестиран во Европа, и треба да се појави на пазарот следната година. Од Hyundai гордо највуваат дека новиот i30 ќе нуди врвни технологии кои компанијата ги има во својата програма, а ќе цели кон водечките автомобили во сегментот. Официјално ќе биде претставен во Септември, а дебито е закажано за саемот на автомобили во Париз.