Новиот SUV на Škoda наскоро ќе биде и официјално претставен, но чешкиот производител почна полека но сигурно да открива повеќе детали од Kodiaq!
Ова се први официјални фотографии од финалниот дизајн на Kodiaq. Новиот голем SUV на Skoda ќе биде официјално претставен на 1ви Септември во Берлин, а до тогаш можеме да ги погледнеме овие фотографии.
Новиот Kodiaq ја следи дизајнерската насока која брендот ја постави со новиот Superb – препознатливи, модерни и рафинирани линии кои се храбар чекор напред за чешкиот бренд. Иако не можеме да видиме премногу на сликите, веднаш се забележуваат големите предни и задни светлосни групи и острите линии.
Луѓето од Skoda се особено горди на Kodiaq. Ветуваат исклучителна практичност и огромен багажен простор (од 720 до 2065 литри), и сето тоа во комбинација со моќни и економични мотори. Во понудата ќе се најде и Tow Assist системот кој го олеснува маневрирањето при влечење приколка – системот самиот го презема управувањето при споро движење наназад.
Наскоро ќе знаеме повеќе!