Наследникот на Lamborghini Aventador ќе има целосно нов V12 агрегат – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наследникот на Lamborghini Aventador ќе има целосно нов V12 агрегат

Извршниот директор на Lamborghini – Стефан Винкелман потврди дека наследникот на моделот Aventador ќе доаѓа со целосно ново-развиен мотор.

Досега беше познато дека Aventador ќе биде последниот V12 погонуван суперавтомобил на Lamborghini без некој вид на електрификација. Беше шпекулирано дека новиот суперавтомобил ќе располага со слична хибридна конфигурација како ограничениот модел Sian, но најновите вести откриваат дека тоа нема да се случи.

Според Винкелман, Lamborghini ja извлекле целата сила што може да се извлече од сегашниот 6.5-литарски V12, а поради тоа наследникот на Aventador ќе има нов V12 мотор. Тој не објави детали како зафатнината на моторот, но изјави дека нема да биде сличен со ниту еден до сега и дека нема да ја дели технологијата со Sian.

Иако новиот суперавтомобил ќе располага со целосно-нова погонска единица, тој ќе продолжи да се нуди со погон и управување на сите тркала, исто како Aventador. Исто така во неговата конструкција ќе се користи карбон за да се намали тежината. Уште една радосна вест за ентузијастите е дека ќе ја задржи природната аспирација.

Lamborghini веќе се збогува со моделот Aventador преку последната Ultimae изведба, која е ограничена само на 600 примероци.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.