Opel станува целосно електричен во 2028, а новата Manta е најава за иднината! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel станува целосно електричен во 2028, а новата Manta е најава за иднината!

„Opel ќе нуди само електрични возила на европскиот пазар од 2028“ – изјави Michael Lohnscheller, извршниот директор на Opel.

Opel ја најави својата стратегија за целосна електрификација. На европскиот пазар ќе нуди само електрични возила до 2028, ќе започне да се пробива на кинескиот пазар и до средината на оваа декада ќе ја понуди новата електрична Manta-e.

Планот го претстави Michael Lohnscheller, кој додаде дека овој план „ја нагласува посветеноста на брендот кон електричната мобилност.“

Секако, електричните модели на Opel ќе бидат базирани на новите платформи на Stellantis наменети за електрични возила. Како што веќе пишувавме, тие ќе нудат опсег меѓу 500 и 800 километри со полни батерии. Електрификацијата на Opel е веќе во тек – новите Corsa и Mokka можат да се добијат како електрични возила, достапни се неколку плаг-ин хибридни модели, а и новата Astra ќе биде понудена во плаг-ин хибридна и електрична изведба.

Всушност, на презентацијата, Lohnscheller потврди дека целата гама на Opel ќе биде електрифицирана до 2024 – тоа е за само три години!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.