РКЕ: Бензините поскапуваат, цената на дизелот не се менува – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

РКЕ: Бензините поскапуваат, цената на дизелот не се менува

Регулаторна пред само неколку минути објави дека бензините поскапуваат по половина денар, но дека цената на дизелот не се менува.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денар/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува и со тоа цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и понатаму изнесува 63,00 ден/лит.

Измените стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.