Пристигна Fiat 500X од новата моделска година – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна Fiat 500X од новата моделска година

Новата моделска година воведува нови и дополнети нивоа на опрема, како и нови технолoшки решенија за популарниот италијански кросовер.

Со неодамнешното освежување на целата гама на 500 модели, 500Х и 500L Cross добија робустни детали кои го истакнуваат кросоверскиот изглед. Меѓу другото 500Х доби и 19-инчни тркала, кровни носачи, автоматски клима-уред, и многу, многу повеќе додатоци. Според Fiat, освежувањата кај 500Х имаат цел да им овозможат на корисниците да избегаат од градскиот метеж и да искусат возбудливи авантури.

Sport изведбите добиваат засебни спортски браници, специјални бои, 16 до 18-инчни тркала, спортски седишта и уште многу други спортски детали и додатоци – како што е титаниумска централна конзола, специјално амбиентално осветлување, итн..

Секако, сите овие изведби може да бидат дополнети со соодветни пакети – Navi, Comfort & Function и Style. Сите модели се достапни со нови и ефикасни погонски единици кои ги исполнуваат строгите Euro 6D-Final стандарди.

Изложениот примерок е во Cult ниво на опрема и под поклопецот го носи 1.6-литарскиот MJet турбодизел со 130 коњски сили. Ова се смета за основно ниво на опрема, но веќе се добиваат мануелен клима уред, електрично нагодување на сите прозорци, алуминиумски тркала, контрола на притисок во пневматиците, задни паркинг сензори, старт/стоп систем, 7-инчен мултимедијален уред со Bluetooth поврзување и многу, многу повеќе.

500Х може да се комбинира со 1-литарски турбо-бензинец со 120 коњски сили, или пак 1.3-литарски турбо-бензинец со 150 коњски сили и автоматски менувач. Доколку сакате турбодизел, тука е веќе-споменатиот 1.6-литарски MJet со 130 коњски сили. Цените започнуваат од 18.490 Евра, а за повеќе информации можете да ја посетите официјалната веб-страница или пак салонот на Fiat.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.