Peugeot го претстави новиот 9X8 наменет за Hypercar класата на Le Mans! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot го претстави новиот 9X8 наменет за Hypercar класата на Le Mans!

Работата на инженерскиот тим на PEUGEOT SPORT и PEUGEOT Design се координираше како никогаш порано за да го направат 9X8 кој ја најавува новата ера во трките –  уникатните линии, отсуството на задно крило и моќниот идентитет на брендот го издвојуваат од другите, а иновативните технички решенија и неговиот мачкест изглед се истакнуваат како традиционални белези на Peugeot.

Името на новиот Hypercar на PEUGEOT е PEUGEOT 9X8.

  • „9“ ја продолжува серијата која ја користи производителот за своите неодамнешни тркачки автомобили наменети за трките за издржливост, имено PEUGEOT 905 (кој се натпреваруваше од 1990 до 1993 година) и 908 (2007 до 2011 година) станаа икони на брендот.
  • „Х“ се однесува на технологијата на погон на сите тркала  и хибридниот погонски агрегат што е олицетворение на стратегијата за електрификација на брендот во светот на мото-трките.
  • „8“ е наставка што се користи за сите сегашни имиња на модели на Peugeot – од 208 и 2008, до 308, 3008, 5008 и, се разбира, 508 кој неодамна помина низ рацете на инженерите и дизајнерите кои изработија 9X8 кој стана првиот автомобил кој ја носи ознаката на Peugeot Sport Engineered.

Двата Peugeot 9X8 ќе се натпреваруваат на FIA World Endurance Championship во 2022 година.

„Учеството на Peugeot во трките за издржливост има повеќе отколку спортски аспект“, тврди Linda Jackson (со која ние неодамна зборувавме токму за спортските модели на брендот). „Трките за издржливост се форма на мото-спортот што ни обезбедува екстремна лабораторија, што објаснува зошто нашата поврзаност со Le Mans е толку силна. Позначајни можеби од резултатите што ги добиваме на тркачката патека се можностите што ги дава за да ја докажеме нашата технологија или плодот на нашата истражувачка работа за трка што Ве фрла во екстремни услови 24 часа. Le Mans ни обезбедува конкурентно опкружување за да ги потврдиме хибридните системи и технологии што во моментов ги развиваме за да ја намалиме потрошувачката на гориво – а со тоа и емисијата на СО2 – на нашите патни автомобили. Екипите на PEUGEOT Sport се горди кога ќе видат дека нивното истражување е пренесено на нашите производствени модели. За нашите клиенти, Le Mans е лабораторија која сведочи за квалитетот на нашите автомобили “.

„Тоа е првиот тркачки автомобил кој има стил до оваа мера“ – рече Kevin Magnussen, а зборовите на данецот ги повтори и американецот Gustavo Menenez – „PEUGEOT отвора ново поглавје во мотоспортот со 9X8. Ќе имаме главна улога во пишувањето на приказната! Предниот и задниот светлосен потпис на 9X8, кој има форма на три лавовски канџи, е познат заштитен знак на PEUGEOT, додека новото лого на брендот „главата на лавот“ се карактеризира со позадинско осветлување на страничната и на предната страна на автомобилот. Selenium сивата и контрасната Kryptonitе зелена/жолта боја ја нагласуваат каросеријата и патничката кабина и ја одразуваат шемата на бои избрана за новата линија PEUGEOT SPORT ENGINEERED, претставена со 508 и 508 SW.

Поврзано:   ВОЗЕВМЕ: Во Кан го возевме новиот електричен Peugeot E-3008!

Дизајнерите посветија многу внимание и на ентериерот на 9X8. „Сакавме да имаме посебен пристап кон патничката кабина, која досега има тенденција да биде чисто функционалн и нејасен аспек кај тркачките автомобили, без идентитет на брендот“, нагласува Matthias Hossann. „Комбинацијата на нашата шема на бои и i-Cockpit-от обезбедија во патничката кабина на 9X8 карактеристично чувство и го прават веднаш препознатлив како Peugeot“. Надворешно, извајаните тркала придонесуваат за избалансирани линии на јасните, остро структурирани крила на автомобилот, отворите за крилата го откриваат горниот дел од пневматиците и совршено интегрираните ретровизори придонесуваат за впечаток дека протокот на воздух поминува непречено преку автомобилот.

„Јас ги познавам тимовите на Peugeot Design и Peugeot Sport. Тие секогаш даваат квалитетна, иновативна работа, но морам да признаам дека 9X8 ме воодушеви. Едноставно е прекрасен“, вели Главниот извршен директор на Peugeot , Linda JACKSON. „Начинот на кој неговите иновативни, впечатливи линии даваат толку моќен идентитет на брендот, е маестрален“ – додаде таа.

„Отсуството на задно крило на PEUGEOT 9X8 е голем иновативен чекор“, вели директорот на Stellantis Motorsport, Jean-Marc Fionot. „Постигнавме одреден степен на аеродинамичка ефикасност што ни овозможува да ја отстраниме оваа одлика. Не прашувајте како, сепак! Имаме целосна намера да ја чуваме тајната се додека можеме! “

Остранувањето на задното крило обезбеди слобода да дизајнираме елегантна силуета што не е видена со децении. Навистина, работејќи рака под рака со нивните колеги инженери, дизајнерите максимално ја искористија можноста да создадат хармоничен спој на динамични, извајани форми кои формираат чиста, убедлива површина помеѓу истакнатите лакови на тркалата.

Но што всушност го придвижува Peugeot 9X8? Одговорот доаѓа во форма на хипер-ефикасен хибриден погонски систем кој комбинира 2.6-литарски twin-turbo V6 со напреден електромотор и секвенцијален менувач. Бензинецот е поставен на задната оска и испорачува 500 kW, односно 680 коњски сили, додека на предната оска е поставен електромоторот кој испорачува дополнителнои 200 kW, односно 270 коњски сили

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Peugeot го претстави новиот, голем E-5008!

„Нашата цел во однос на нашите енергетски барања е беспрекорна сигурност и совршена контрола“, објаснувa Jean-Mark Finot. „Le Mans стана 24-часовна спринтерска трка каде што може да се победи или изгуби онолку бројот пати колку што се натпреварувате. Исклучителната енергетска ефикасност на новите Hypercars претходно го дефинира она што ќе го видиме наскоро во светот на патните автомобили. Ова испитување имаше огромно влијание врз нашата работа на пакетот PEUGEOT 9X8, чијшто аспект треба да придонесе за постигнување на хипер ефикасност, од неговиот погонски агрегат до неговата аеродинамика “ –  додаде Finot.

Конечно, на прашање на CARclub.mk за потенцијалното појавување на технологии од 9X8 во сериските автомобили на Peugeot, Linda Jackson одговори дека технологиите од хибридните системи и врвната ефикасност на хибридниот погон се веќе применети во Peugeot 508 Sport Engineered, а Jean-Mark Finot ни кажа дека стратегијата кај PSE моделите да се искористи максимумот од батериите за врвни перформанси доаѓа директно од Endurance трките. Дополнително, Jean-Mark додаде дека пристапот да се искористи погон на сите четири тркала кај 508 Sport Engineered доаѓа од искуството при развој на тркачкиот автомобил.

Peugeot 9X8 – Teхнички податоци:

  • Класа: Le Mans Hypercar (LMH)
  • Должина: 5.000mm
  • Ширина: 2.080 mm
  • Висина: 1.180 mm
  • Меѓуоскино растојание: 3.045 mm
  • Погонски агрегат: PEUGEOT HYBRID4 500KW (погон на сите четири тркала)
    Заден погоски агрегат: 500kW (680кс), 2.6L twin-turbo, 90-степен V6 бензински мотор со внатрешно согорување + седум-степен секвенцијален менувач
    Преден погон: електричен мотор – генератор 200kW + редуктор со една брзина
    Батерија: Батерија со голема густина, 900 волти, дизајнирана од Peugeot Sport, TotalEnergies / Saft
  • Гориво и мазива: TotalEnergies
Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Peugeot го претстави новиот 9X8 со кој ќе се натпреварува на Endurance трките!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.