full screen background image
Search

Специјалниот, роденденски Abarth 695 70° Anniversario пристигна во Скопје!

Роденденскиот Abarth 695 70° Anniversario ќе биде произведен во само 1949 примероци – а еден од нив веќе пристигна во салонот на Fiat во Скопје!

Малиот славенички автомобил е придвижуван од 1.4-литарски турбо-бензинец кој испорачува 180 коњски сили и одлични 250 Nm вртежен момент – сосем доволни за спринт до 100 километри на час за 6.7 секунди и максимални 225 километри на час.

Позади 17-инчните тркала се кријат Brembo сопирачки со 305-милиметарски дискови на предните, односно 240-милиметарски на задните тркала, а звукот е уште понагласен благодарение на Record Monza издувен систем.

Како што можете да забележите, Abarth 695 70° Anniversario е во специјална боја. Бојата се вика Monza 1958 и оддава почит на првиот 500 Abarth кој поставил дури шест интернационални рекорди таа година. Зелената боја е комбинирана со Campovolo сиви детали.

Кабината стандардно добива спортски Sabelt седишта, управувач обвиен во алкантара и грст други спортски детали и значки. Седиштата се исклучително спортски и нудат максимална поддршка во свиоци.

Измените на Abarth 695 70° Anniversario кулминираат со специјалниот заден спојлер – кој рачно се нагодува во 12 различни позиции и е специјално развиен во аеро-тунел за да постигне максимална ефикасност, без разлика на брзината.

Аголот може да биде од 0 до 60 степени и може да додаде до 42 килограми потисок при брзини од 200 километри на час. Според пресметките од Abarth, новиот спојлер може да ги намали корекциите во управувањето и до 40%  – податок кој доаѓа од тестирањата направени во аеро-тунелот на FCA во Orbassano.

Поврзано:   За прв пат, електричните и електрифицираните возила во Европа се продадоа повеќе од дизелите

Специјалниот, роденденски и редок Abarth 695 70° Anniversario веќе можете да го погледнете во салонот на Fiat во Скопје, или пак да ја посетите официјалната веб-страница.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.