full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Cayenne Turbo GT е најбрзиот SUV на Porsche!

Новиот Porsche Cayenne Turbo GT е придвижуван од 4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 640 коњски сили и 850 Nm вртежен момент.

Cayenne Turbo GT не е најмоќниот Cayenne – таа титула оди кај хибридниот Cayenne Turbo S E-Hybrid кој располга со вкупно 680 коњски сили, но Turbo GT е полесен и побрз. Благодарение на моќниот 4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 640 коњски сили и 850 Nm вртежен момент (+ 90 коњски сили и + 80 Nm во однос на Cayenne Coupe Turbo), моќниот Coupe-SUV забрзува до 100 километри на час за само 3.3 секунди и постигнува максимални 300 километри на час.

Измените не се само софтверски – Cayenne Turbo GT добива ревидирани компоненти внатре во моторот, ревидирани турбополначи, како и нов систем за дишење. Дел од приказната е и полесен титаниумски издувен систем. Силата се пренесува кон сите четири тркала преку 8-брзински Tiptronic автоматски менувач кој е дополнително калибриран за уште побрзо да ги менува брзините.

Ревидираната суспензија значи дека Cayenne Turbo GT е поблиску до подлогата за цели 17 милиметри, а воздушната суспензија е до 15% поцврста. Секако, ревидирани се системите за контрола на стабилноста, адаптивната шасија, управувањето и уште многу други ситници. Предните тркала се пошироки за подиректно управување, а моќниот SUV добива и ревидирани карбон-композитни сопирачки.

И всушност, колку е брз Cayenne Turbo GT? Веќе постави нов рекорд за SUV на Nurburgring – 7:38.9 – односно дури 4 секунди побрзо од досегашниот рекордер, Audi RS Q8. Cayenne Turbo GT ќе го препознаете по дискретно редизајнираниот преден браник со поголеми отвори за воздух, 22-инчните тркала со дискретно проширени крила и уште неколку ситни естетски додатоци. Cayenne Turbo GT добива и специјален заден спојлер, како и карбонски дифузер.

Поврзано:   Визија за ново купе од Porsche како наследник на 928


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.