Mansory разви бодикит за новиот електричен суперавтомобил на Porsche, кој доаѓа со карбонски елементи.
Почнувајќи од предниот дел, во понуда се преден сплитер, нови рамки со крилца на отворите за воздух под светлата, како и тенка решетка за вентилација помеѓу светлата, слична на онаа на 911 GT3.
Од страна се забележуваат нови прагови и капаци на ретровизорите, додека пак на задниот дел се инсталирани редизајнирана врата на багажникот, нов лип спојлер и поголем дифузер.
Како и остатите стајлинг пакети на Mansory, така и овој доаѓа со нови 22-инчни алуминиумски фелни. Според тјунерската компанија, дизајнот со потенки краци помага побрзо да се отстрани топлината од сопирачките.
Од кабината на дотераниот Taycan, Mansory не објави многу фотографии, но нагласи дека персонализирањето на автомобилот кон вкусот на купувачите е нивна вообичаена дејност. Тие нудат материјали како карбон и кожа за покривање на речиси било која површина, а во изборот се и контрасни зашивки во сите можни бои.
Понудата на додатоци за ентериерот завршува специјален волан и Mansory светлечки панели на праговите од вратите.