full screen background image
Search

Dacia ги претстави новото лого и новиот бренд-идентитет

Романскиот бренд под капата на Renault го најави новиот идентитет со концептот Bigster, а сега и официјално го претстави новото лого.

Новото лого е прилично современо и едноставно – името DACIA е напишано во големи, аглести букви, додека самиот амблем е интересно симетричен и всушност ги претставува буквите DC. Новиот бренд-идентитет е футуристички, со нагласени геометриски форми и едноставен дизајн.

Од Dacia кажуваат дека новото лого ги симболизира робустноста и стабилноста на брендот и неговите модели, но и дека едноставноста на логото потенцира дека брендот се фокусира на најважните работи.

Новиот бренд-идентитет на Dacia ќе започне да се применува од Јуни оваа година, но во салоните ќе пристигне од почетокот на следната година.

Првите возила со новото лого ќе бидат произведени во втората половина од 2022 – и најверојатно првиот модел кој ќе го носи новото лого ќе биде големиот SUV на Dacia, базиран на Bigster концептот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.