Abt Sportsline го засили Audi RS6 на 790 коњски сили во чест на Јохан Абт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Abt Sportsline го засили Audi RS6 на 790 коњски сили во чест на Јохан Абт

Германската тјунинг компанија претстави уште еден пакет за надградба на Audi RS6, наречен Johann Abt Signature Edition.

Тјунинг пакетот го добива името по основачот на Abt, а ќе биде произведен во само 64 примероци. Секој автомобил опремен со овој пакет е веќе распродаден и секој од нив содржи мало парче од наковалната која се користела во оригиналната работилница на фамилијата Abt.

Johann Abt Signature Edition ја зголемува силата на 4.0-литарскиот твин-турбо V8 агрегат на 790 кс и 1,000 Nm вртежен момент. Ова се значителни придобивки во споредба со стандардните бројки од 600 кс и 800 Nm.

Abt успеале да ја извлечат целата дополнителна сила благодарение на нови турбополначи, поголеми интеркулери, како и дополнителен систем за ладење на маслото. Автомобилот е исто така опремен со нова компјутерска единица и специјален издувен систем.

Според Германската компанија, автомобилот е способен да забрза од 0-100 км/ч за само 2.91 секунди, постигнува 200 км/ч за 9.79 секунди и му се потребни само 28.25 секунди да стигне до бројката од 300 км/ч.

Драстични измени се направени на екстериерот на RS6, кој доаѓа со уникатен бодикит со темно црвени карбонски детали на предниот и заднот дел, страничните прагови и страничните ретровизори. Овие црвени карбонски детали се среќаваат и во кабината каде пак различни делови како седиштата, вратите и одмарачите за лакти имаат „Since 1986“ ознака на нив.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.