full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новиот Audi RS6 напаѓа со 600 коњски сили, quattro погон и „стотка“ за 3.6 секунди!

Официјалното деби е закажано за Саемот на Автомобили во Франкфурт – но веќе ги имаме сите детали за новиот мега-караван од Инголштад!

Добро утро, и кажете му добредојде на новиот Audi RS6 Avant. Новиот мега-караван на Audi крие 4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува моќни 600 коњски сили и 800 Nm вртежен момент. Силата се пренесува преку 8-брзински автоматски менувач и стандарден quattro погон на сите четири тркала – и сето тоа резултира со катапултирање до 100 километри на час за 3.6 секунди и максимална (електронски ограничена) брзина од 250 километри на час.

Но приказната не завршува таму – нарачајте го Dynamic пакетот и максималната брзина расте на 280 километри на час. Нарачајте го Dynamic Package Plus и максималната брзина расте на скоро неверојатни 305 километри на час! Во караван! Интересно е да се напомене дека со секој од овие пакети се добива уште поагресивен среден диференцијал кој може да префрли до 70 проценти од моќта кон предните, односно 85 проценти од моќта кон задните тркала.

Секако, бидејќи се работи за RS продукт – подобрувањата не завршуваат таму. Автомобилот добива екстензивен аеро пакет, како и преден дел кој е инспириран од А7 Sportback, со потенки и пошироки предни светла, големи отвори за воздух и мал милион други додатоци. Добива и специјална адаптивна воздушна суспензија, како и спортски заден диференцијал кој ќе ја подобри агилноста и дистрибуцијата на силата меѓу задните тркала. Аеро пакетот вклучува и прилично голем заден дифузер со вградени вистински завршетоци на издувниот систем, но и странични крила кои се пошироки за 40 милиметри, заден спојлер, и уште многу, многу повеќе.

Поврзано:   Утринска Гимнастика: Новиот Audi TTS против стариот Audi R8!

А бидејќи RS6 Avant е караван, имате и багажник со капацитет од 565 литри. Да се најдат.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.