full screen background image
Search

Бензините поскапуваат по половина денар, дизелот поскапува еден денар!

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку моменти ги објави новите цени на горивата – кои за жал, повторно се зголемуваат.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1.15%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по половина денар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 68.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 70.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за еден денар. Еден литар дизел гориво ќе чини 61.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Извор: РКЕ



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.