full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Lexus го претстави новиот NX!

Новата генерација на супер-успешниот луксузен SUV воведува многу новитети – меѓу кои и нова платформа, нова плаг-ин хибридна изведба и целосно нова кабина!

Иако можеби на прв поглед нема да изгледа како да е така – новиот NX е целосно-нов.

Ајде прво за дизајнот – на предниот дел забележуваме нов лик со нова маска на ладилникот со нагласено тродимензионална форма, нови светлосни групи со вградени дневни светла и нови отвори за воздух. Нагласените карактерни линии околу новиот NX му даваат уште понагласена динамичност, а на задниот дел добиваме едноделен светлосен елемент кои изгледа навистина модерно, како и гордо-поставена LEXUS ознака.

Дополнително, новиот NX е псотавен на TNGA-K платформата, која не само што овозможува пристап до новите технологии кои Toyota и Lexus ги имаат во своето портфолио, туку и значително ја намалуваат тежината на луксузниот SUV – некои верзии се полесни и до 90 килограми! Сепак, вистинскиот новитет доаѓа во форма на NX 450h+ – нова, плаг-ин хибридна изведба на NX која има системски 306 коњски сили, може да помине до 63 километри на електрична енергија и има супер-ниска емисија на CO2.

Секако, во понудата останува добро-познатиот NX 350h кој добива самополнечки хибриден погон. Од Lexus кажуваат дека моќта е зголемена за 22%, а емисиите на штетни гасови се намалени за 10%. Оваа верзија располага со 242 коњски сили и забрзува до 100 километри на час за 7.7 секунди. На некои пазари ќе се нудат и верзии со конвенционални бензински мотори – NX 350 со 2.4-литарски турбо-бензинец со 279 коњски сили,  како и NX 250 со 2.5-литарски бензинец со 199 коњски сили. Хибридниот NX 350h може да се добие со погон на предните или на сите четири тркала, додека сите други изведби стандардно ќе доаѓаат со погон на сите четири тркала.

Поврзано:   Lexus го најавува новиот NX!

Конечно, ајде малку и за кабината. NX добива целосно и темелно редизајнирана кабина каде врвната изработка и врвните материјали повторно го имаат главниот збор, но сега добива и значително помодерен и пофункционален инфозабавен систем.

Пред возачот се поставени нови дигитални инструменти, а на централната конзола може да се добие 9.8-инчен или пак 14-инчен мултимедијален уред со Android Auto и Apple CarPlay поврзување. Новиот мултимедијален уред има 3.6 пати побрз процесор, а тука е и можноста за гласовни контроли. Секако, Lexus NX ги добива и сите напредни системи за активна безбедност кои јапонскиот бренд ги нуди.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.