Land Cruiser од Серијата 300 е новиот теренски знаменосец на Toyota – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Land Cruiser од Серијата 300 е новиот теренски знаменосец на Toyota

Од Toyota гордо кажуваат дека статусот на Land Cruiser како автомобилска легенда не може да се побие – легендарниот теренец кој е продаден во преку 10 милиони примероци во 170 земји ширум светот, се нуди веќе 70 години!

Всушност, луѓето од Toyota се толку уверени во талентите на Land Cruiser, што кажуваат дека Land Cruiser е возило кое „ќе Ве однесе насекаде и било каде, и ќе Ве врати безбедни.“

Новиот Land Cruiser е навистина нов – приказната започнува со новата шасија, изградена врз основа на TNGA архитектурата, но применета во конвецнионална body-on-framce изведба. Воведени се нови технологии кои го прават Land Cruiser секојдневно покорисен, без притоа да биде направен компромис во однос на неговите можности. GA-F платформата нуди одлични теренски способности, но истовремено е поцврста и посилна. Шасијата е редизајнирана и темелно преработена за да биде намалена тежината, па новиот Land Cruiser е цели 200 килограми полесен од својот претходник.

Понатаму, новите системи за суспензијата се тестирани од врвни возачи со искуство на Dakar релито. Според Toyota, целта било да се понуди теренец кој не само што е навистина способен, туку е и лесен за контролирање, како на асфалтот, така и надвор од него. Артикулацијата на суспензијата одозможува контакт со подлогата дури и на екстремно груб терен, а управувањето на пат е подобрено благодарение на првиот Electronic Kinetic Dynamic Suspension System. Дополнително, Land Cruiser е првиот модел на Toyota со Multi-Terrain Monitor систем, кој му дава на возачот директен поглед во теренот под возилото.

Инаку, новиот Land Cruser ќе се нуди со два нови твин-турбо V6 мотори – 3.5-литарски бензинец, како и 3.3 литарски турбодизел. Обата мотори се развиени на понудат врвни перформанси и доверливост, и двата ќе се нудат со 10-брзински автоматски менувач, како и напреден погон на сите четири тркала. Секако, тука е и новиот дизајн кој според Toyota го изразува новиот концепт на Функционална Убавина, а моќните и чисти линии ја пренесуваат моќта, но и зрелоста на Land Cruiser.

Поврзано:   ТЕСТ: Toyota C-HR 2.0 Hybrid AWD-i GR Sport - Еден меѓу многуте!

Новиот, темелно модернизиран и супер-компетентен Land Crusier ќе започне да се продава веќе од ова лето.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.