full screen background image
Search

Renault Megane E-Tech ќе има опсег од 450 километри

Францускиот бренд го претстави претстојниот целосно електричен Megane E-Tech кросовер во пред-продукциска форма, покриен со маскирна облога.

Новиот Megane E-Tech беше најавен преку минатогодишниот Megane eVision концепт, а тој е првиот модел на Renault кој ќе ја користи модуларната CMF-EV платформа на алијансата, на која е поставен и моделот Nissan Ariya.

Renault не објави многу технички детали за новиот електричен кросовер, но изјави дека ќе биде погонуван од електричен мотор со сила од 214 кс и пакет батерии од 60 киловат-часа. Неговата еономија на возење се движи до 450 километри според WLTP циклусот.

Не е познато дали Renault ќе понуди и верзија со двоен мотор како што Nissan прави кај врвната верзија на Ariya, која располага со 302 кс и поголем пакет батерии од 87 киловат-часа.

Францускиот производител ќе произведе 30 пред-продукциски примероци од новиот електричен Megane E-Tech, а сите од нив ќе бидат украсени со истата маскирна облога креирана од дизајнерскиот тим на Renault, со цел да можат да ги тестираат на јавните патишта ова лето.

Новиот електричен кросовер ќе се произведува во Дуаи фабриката на Renault во Франција, а се очекува да дебитира во сериска форма наредната година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.