Пристигна освежениот Audi A5 Sportback! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна освежениот Audi A5 Sportback!

Во салонот на Audi веќе е изложен освежениот А5 Sportback!

Со освежувањето, Audi A5 Sportback добива нијанса поширока Singleframe предна маска на ладилникот, редизајниран преден браник со нови отвори за воздух и редизајнирани предни светла. Задниот дел добива дискретно изменет браник со нов дифузер, како и нови задни светла со редизајнирана графика.

Измени има и во кабината, кои воглавно се концентрираат на технолошката понуда на A5 Sportback. Купувачите ќе добијат нов, 10.1-инчен MMI систем со сите можности за поврзување и унапреден систем за навигација. Сите примероци стандардо ќе доаѓаат со Audi Virtual Cockpit дигиталните инструменти, а дел од стандардната опрема стануваат и LED предните светла.

Понудата на мотори ја сочинуваат добро-познатите TFSI турбо-бензинци и TDI турбодизели, кои се комбинираат со S-Tronic автоматски менувач со двојна спојка, а може да се добие и одличниот quattro погон на сите четири тркала.

За повеќе информации, посетете го салонот на Audi.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.