F1: Азербејџан 2021 – Перез на првото место, Мерцедес без бодови – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

F1: Азербејџан 2021 – Перез на првото место, Мерцедес без бодови

Перез ја улови победата на патеката во Баку, носејќи максимални поени за себе и за Ред Бул откако тимскиот колега ја изгуби битката со пневматиците и од првото место заврши во оградата. Во меѓувреме пак при рестартот на трката по ударот на Макс Верстапен, Хамилтон од првиот ред на стартно целната рамнина продолжи право на првата кривина. За среќа не повреди никого.

Викендов Ленс Строл исто како Макс имаше огромен проблем со пневматиците кои се искинаат на брзина над 300кмч на правецот во Баку.
Макс по несреќата ја шутна проблематичната гума не водејќи сметка за останатите болиди зад него, и всушност се шеташе по патеката неколку секунди додека надоаѓаа останатите болиди. Во целата несреќа, имаше и светла точка со тоа што Хамилтон исто така не освои поен па генералниот пласман и поени останаа непроменети за нив двајца.

За време на стартот по несреќата се забележа чад од кочиците на Хамилтон, и евидентно беше дека нешто ќе се случи. Перез успеа да го одбегне Хамилтон и сето тоа среќно заврши и за двајцата.

Од останатите возачи Фетел како дебитант во Астон Мартин се искачи на второто место на подиумот. Испрати огромни честитки до Перез бидејќи и тој е за прв пат во болидот на Ред Бул оваа година. Сосема неочекувано (или пак не?) на третото место беше Гасли! Со Алфа Таури се искачи на подиумот. Многумина велеа дека треба да се следи неговото возење викендов бидејќи Гасли ќе успее да го покаже својот талент, и така испадна.

Многу разновиден и несекојдневен подиум, огромна радост на сите гледачи и на возачите кои се во послабите тимови. Сè на сè трка која не треба да се пропушти, и на која долго ќе се навраќаме со исечоци и дискусии.

Автор: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.