Новата C-Class на Mercedes-Benz пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата C-Class на Mercedes-Benz пристигна во Македонија!

Mercedes-Benz неодамна ја претстави најновата генерација на C-Class, а од денес новиот седан на германскиот луксузен бренд веќе е изложен во салонот на Мак Аутостар.

Како што веќе пишувавме, новата „Це-Класа“ ги следи дизајнерските насоки од поголемите модели на Mercedes-Benz. Предниот дел е заострен, со издолжени и остри предни светла,  и гените на Mercedes-Benz се јасно-препознатливи. Интересно, за прв пат кај C-Class задниот дел има дводелни светла – исто како кај поголемите E-Class и S-Class.

Сепак, покрај современиот дизајн, вистинската трансформација е во кабината, каде новата C-Class е „S-Class во мало“. Пред возачот е поставен еден дигитален екран, а на централната конзола уште еден, како кај S-Class.

Во зависност од изведбата, може да се добие 12.3-инчен дисплеј пред возачот и 11.9-инчен дисплеј на централната конзола, односно 10.25 инчен дисплеј пред возачот и 9.5-инчен дисплеј на средината. Од друга страна, зголемените димензии и продолженото меѓуоскино растојание ветуваат повеќе простор и уште понагласен комфор во кабината.

Сега за сега, на нашиот пазар новата C-Class може да се добие со еден од три бензински мотори, или пак еден од два турбодизели. Бензинските C180 и C200 користат 1.5-литарски турбо-бензинец кој испорачува 170, односно 204 коњски сили, додека моќниот C300 користи 2-литарски турбо-бензинец со 204 коњски сили.

Доколку сакате турбодизел, тука се C220d и C300d – обете верзии користат 2-литарски турбодизел, но во зависност од изведбата испорачува 200, односно 265 коњски сили. Без разлика кој бензински или дизел мотор ќе го изберете, сите верзии се нудат со автоматски менувач, а двата помоќни бензинци можат да се добијат и со 4Matic погон на сите четири тркала.

За и самите да ја видите новата C-Class, посетете го салонот на Mercedes-Benz.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG PureSpeed е специјален, супер-лимитиран роудстер со инспирација од F1

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.