Lexus го најавува новиот NX! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus го најавува новиот NX!

Lexus се подготвува да ја претстави новата генерација на супер-популарниот NX – премиерата е закажана за 12ти Јуни!

Новиот хибриден SUV ќе има еволутивен дизајн и ќе ја продолжи успешната приказна на тековниот модел, но истовремено ќе донесе грст нови технологии. Не е потврдено, но се очекува да биде понудена и плаг-ин хибридна верзија која ќе дели голем дел од технологии со плаг-ин хибридниот Toyota Rav4. Секако, можеме да очекуваме дека новиот NX ќе ги добие и новите системи за безбедност и асистенција во возето кои ги нудат Toyota и Lexus.

Останува да бидеме трпеливи уште некој ден, до официјалната премиера.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.