full screen background image
Search

Mansory претстави тјунинг пакет за новиот Mercedes Benz S-Class

Mansory подготви пакет со елементи за надградба на изгледот и перформансите на знаменосецот на Mercedes-Benz.

Елементите за екстериерот се направени од карбон и дискретно го изменуваат изгледот на S-Class, така што му додаваат малку поспортска нота. Тука спаѓаат нов преден сплитер, нови странични прагови, два типа на украси за отворите на предниот браник, два типа на додатоци на страничните крила и два различни задни дифузери.

Компанијата исто така нуди два различни задни багажници, кровен спојлер, како и додатоци на задниот браник. Тука се и два различни типови на странични ретровизори, цел асортиман на Mansory ознаки, а и три различни дизајни на алуминиумски фелни.

Тјунерот нуди и надградби на перформансите за моделите S400d и S500, во вид на модифицирана компјутерска единица и нов издувен систем.

Со овие надградби дизелската изведба испорачува 395 кс и 837 Nm вртежен момент, што е зголемување од 65 кс и 137 Nm. Како резултат на тоа, забрзува од 0-100 км/ч за 4.8 секунди.

 

Силата на посилната S500 верзија е зголемена на 526 кс и 629 Nm вртежен момент. Благодарение на тоа постигнува 100 км/ч за 4.3 секунди.

Во внатрешноста, Mansory им нуди на купувачите голем избор на опции, вклучувајќи комплетно нови бои и материјали. Покрај тоа, во понуда се и Mansory патосници, спортски кожен волан со карбонски додатоци и сет од алуминиумски педали.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.